Менаџерот на Хабиб откри до кога ќе се бори

Менаџерот на ММА ѕвездата Хабиб Нурмагомедов – Ризван Магомедов, даде интересна насока околу прашањето до кога ќе продолжи кариерата на шампионот на УФЦ во лесна категорија. Во интервју Дагестанецот најави дека ќе остане во октагонот додека да направи 30 победи и ниту еден пораз.

„Само од него зависи дали ќе направи три или 33 борби. Условите за средбите немаат значење. Ако утре загуби желба да тренира и да се бори, тогаш никаков договор не може да го пресили. Ќе видиме што ќе се случи“, рече менаџерот.

Нурмагомедов ќе се врати на 7 септември. Орелот ќе се бори во Абу Даби против Дастин Пориер – Дијамантот.

https://www.youtube.com/watch?v=EFwRfiBJZgA
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON