Менаџерот на Хабиб: Ќе бидам среќен ако Нурмагомедов добие 10 милиони долари за борбата со Мек Грегор

Менаџерот на рускиот борец Хабиб Нурмагомедов, кој во моментов го поседува шампионскиот појас на УФЦ во лесна категорија, Али Абдел Азиз, сеогласи во врска потенцијалниот хонорар на својот пулен за можната борба со Ирецот Конор Мек Грегор.

https://www.facebook.com/sportal.bg/videos/10160620038700573/

„За оваа битка да ја направиме реалност, треба да го разјасниме прашањето за парите. Не се работи за рејтингот на борците, ниту за титулите, туку за парите. Хабиб сака да го клоцне в газ Конор, и јас сакам да видам истото, а Мек Грегор сака да заработи пари. Јас не сум алчен – Конор може да заработи ако сака и 100 милиони долари, но ако Нурмагомедов добие 10 милиони – јас ќе бидам среќен. Јас не сум само менаџер, Хабиб е како мој помал брат, и не сакам ништо повеќе од она што Нурмагомедов го заслужува“, изјави Азиз за БЏ Пен.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON