Мек Гргеор и Хабиб се најбогатите ММА борци во историјата

Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов се двајцата најбогати ММА борци во историјата на овој спорт. „Саут Чајна морнинг пост“ направи рангирање во кое, како што се очекуваше, Мек Грегор е на врвот. „Јужна Кина“ тврди дека големата ѕвезда на УФЦ има 400 милиони долари.

Хабиб Нурмагомедов, пак, е на второто место со скромни 40 милиони долари. Исто така, се земаат предвид парите што борците ги заработуваат од договори за рекламирање, не само нивните плати во УФЦ.

Огромните приходи на Мек Грегор се од битката со Флојд Мејведер, како и од неговиот бренд виски, кој го продал. Третото место на рангирањето го зазема легендата Жорж Сент Пјер. Тој во кариерата заработи 30 милиони долари.

На следните две места се Брок Леснар и Б.J. Пен. Брок заработи 25 милиони долари, а Пен е на 5-то место со 20 милиони долари. Пред неколку години, Хабиб и Мек Грегор се бореа, а нивната борба стана најпродавана во историјата на УФЦ.

Финансискиот успех на Хабиб главно се должеше на борбата со Мек Грегор. „Орелот“ го натера да се предаде и стана голема ѕвезда, а тоа му донесе нов договор со подобри услови во УФЦ.

Список на најбогатите 5-мина ММА борци во историјата:

  1. Конор Мек Грегор – 400 милиони долари
  2. Хабиб Нурмагомедов – 40 милиони долари
  3. Жорж Сент Пјер – 30 милиони долари
  4. Брок Леснар – 25 милиони долари
  5. Б.J. Пен – 20 милиони долари
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON