Мек Грегор жали за една борба: Тоа требаше да биде пресметка пред мечот со Флојд

Конор Мек Грегор го победи Еди Алварез на настанот УФЦ 205 во ноември 2016 година и ја освои втората титула во УФЦ.

Ирскиот ММА борец тогаш беше сопственик на два шампионски појаси и беше првиот во историјата на УФЦ кој успеа да биде најдобар во две категории.

Подоцна ниту една не бранеше, затоа што се посвети на боксерски меч против Флојд Мејведер. Таа борба му донесе големи пари и сега живее уште пораскошно.

Но, „Озлогласениот“ во една од неговите последни објави на Твитер истакна пред да замине во боксот можел да направи уште нешто.

„Ја гледам токму првата борба меѓу Вудли и Вондербој. Требаше брзо да отидам по таа трета титула. Пред Флојд. Но, се уште сме млади“, напиша Конор.

Ирецот мислеше на УФЦ 205 и на борбата што беше пред неговата против Алварез.

Мечот меѓу Тајрон Вудли и Стивен Томпсон заврши без победник, а реваншот се одража по неколку месеци. Вудли тогаш победи со едногласна одлука на судиите.

Конор истата година имаше два настапи во велтер категорија против Нејт Дијаз, а УФЦ веројатно ќе му ја исполнеше желбата. Ирецот така ќе добиеше шанса да го освои третиот шампионски појас.

Вудли беше меѓу првите што одговори на пораката на Конор: „Требаше, можеше, немаше да успееш“.

https://twitter.com/TWooodley/status/1327062806517194753?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1327062806517194753%7Ctwgr%5E&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fnews%2Fmcgregor-zali-za-jednom-borbom-to-je-trebao-biti-okrsaj-prije-meca-protiv-floyda%2F26310.aspx

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON