Конор Мек Грегор не се согласува со тврдењето на Дана Вајт дека тој би заработил околу 75 милиони долари од боксерскиот дуел со Флојд Мејведер.
Набрзо откако Вајт изјави за Фокс спортс дека очекува Флојд да заработи околу 100 милиони од средбата, а Конор – околу 75, Мек Грегор даде јасен знак дека не се согласува со ваквата прогноза.
Ирецот објавуви пост на Инстаграм каде што напиша дека очекува да прибере околу 100 милиони долари, а во случајот тој не ги брои другите приходи кои би ги имал околу средбата.
Еве што напиша Конор:
„Не ми требаат очила, едноставно ми се допаѓа како стојат на моето лице, макар и да се навалуваат поради мојот кршен нос и ушите. Се уште чувствувам дека изгледам добро. Како ви звучат оние 75 милиони? Всушност, зборуваме за повеќе од 100 милиони, ако ги гледаме неконзервативните бројки кои всушност ќе ги генерира борбата, а тука не ги сметам спонзорите и деловните вложувања. 28 години. Свежа пи.ка. Сега се сомневате во мене“.
Борбата Мејведер-Мек Грегор потенцијално би можеле да произведе најмногу приходи и ППВ продажба во историјата на боречките спортови. Вајт потврди дека со својот борец договор треба да се постигне во следните неколку дена, по што ќе се фрли на преговорите со Мејведер и неговиот тим.
https://www.instagram.com/p/BTHVjKRgIkM/
.