Мек Грегор за фрлањето шишиња на прес-конфренцијата: Стравував за животот (ВИДЕО)

Nejt Dijaz Konor Mek gregor gi razdvojuva Vajt

Конор Мек Грегор зборува со потсмев за случувањата на прес-конференцијата пред УФЦ 202, кога тој и тимот на Нејт Дијаз ја дигнаа температурата, при што си разменија навреди и фрлаа шишиња едни на други.

„Сето ова беше самоодбрана. Бев исплашен за својот живот“, се изнасмеа за она што се случило Мек Грегор.

Некој го праша дали за сето ова е сериозен, а Ирецот одговори без каква и да е емоција со „не“, додавајќи дека не е чудно целиот инцидент да бил однапред испланиран од Нејт Дијаз и неговите луѓе.

Конор и Нејт ќе се сретнат на УФЦ 202 во Лас Вегас овој викенд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON