ММА ѕвездата Конор Мек Грегор се уште верува дека може да ја постигне својата цел да стане шампион во три различни категории на УФЦ.
Конор е поранешен шампион во перо и во лесна категорија. Има меч и во полусредна категорија, каде што има учинок од 2-1 со победи над Нејт Дијаз и Доналд Цероне и пораз од Дијаз.
Иако старее и во моментов се опоравува од тешката фрактура на ногата, Ирецот рече дека има уште две борби според договорот со УФЦ и верува дека може да ја освои третата категорија.
На социјалните мрежи беше прашан од навивач дали може да стане троен шампион и неговиот одговор беше недвосмислен.
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) August 31, 2021
Титулата во полусредна категорија моментално ја држи Камару Усман, кој изгледа како кошмарен противник за Мек Грегор. Освен што е многу силен борец, Усман има и нокаутирачка моќ.