Флојд Мејведер може да е боксерот со најдобра одбрана кој некогаш сме го виделе, но рече дека офанзивно ќе се бори со Конор Мек Грегор на 26 август.
Во принцип Мејведер е дефанзивен борец во стилот на поранешниот шампион во тешка категорија Џејмс Џ. Корбет. Тој е побрз и попрецизен од кој било друг борец на светот, па не треба да влегува во размена на удари со кој и да било. Може да влезе, да ги фрли ударите и да излезе пред другиот борец да разбре што го погодило.
Додека Мејведер овој месец рече дека ќе оди само напред против Мек Грегор, но ќе биде на штрек, како и што бил отсекогаш. Мејведер е на една победа до подобрувањето на рекордот на Роки Марчијано, како боксер со најмногу победи без пораз, ќе го запамети тоа кога ќе стапне на рингот.
Мек Грегор е убеден во големата победа.
Сега, кога двајцата борци добија дозвола да користат ракавици од 8 унци Мек Грегор верува дека ќе го нокаутира Мејведер, дури и побрзо.
И не се плаши од некои од удари кои Мјеведер ќе ги зададе со новите ракавици. Мјеведер една деценија нема победа со нокаут – откако го испрати Рики Хатон на подот во есента 2007 година.
„Ќе влезам и ќе го скршам со мојата борба. Тоа е она што вистинските борци можат да го направат, можат да се прилагодат на какви било околности. Брус Ли вели: „Бидете како водата. Кога таа ќе влезе во чаша, станува чаша“. Тоа е филозофијата во која верувам. Не е важно кое правило или услов ќе ми стават, можам да се адаптирам и да ја надминам секоја ситуација. Токму тоа ќе го направам на 26 август. Се чувствувам многу убеден дека можам да поминам перку секој негов удар и да го претепам“, изјави Мек Грегор.