Претстои официјална изјава од Конор Мек Грегор или УФЦ за случајот, но за сега неколку луѓе потврдуваат дека Ирецот бил вклучен во кафенаска тепачка во Ирска.
Во еден од неговите постови сликата е придружена со следниов текст:
„Каков губитник, секогаш сум го почитувал, но тоа што се случи вчера кога дојде во „соседството“ и почна да се закача со дете. Почна да го удира. Се надевав дека само ќе помине само така, но се сомневам во тоа“.
Друг пост тврди:
„Ја изгубив сета почит спрема Мек Грегор по она синоќа“.
Следува објаснување:
„Пиев во пабот во Крамлин кога влезе Мек Грегор. Го удари со раката по главата едно кутро момче и го измести од столот“.
Според видеото подолу, еден од овие постови му се допаднал на официјалниот профил на Мек Грегор. Во каква ли е сега заврзлама вклучен непредвидливиот Ирец?
https://youtu.be/r8W_yYweDjs
.