Ниту еден спортист во светот во 2017 година не заработи повеќе од Флојд Мејведер.
Пензионираната боксерска легенда минатата година заработи 285 милиони долари, според проценките на Форбс.
Доби 275 милиони за борбата со Конор Мек Грегор минатиот август и уште 10 милиони долари од спонзорите.
Тогаш 40-годишниот Американец излезе од пензија за да ги одмери силите со УФЦ шампионот во боксерски меч. На Ирецот тоа му беше првата професионална борба во боксот.
По победата со технички нокаут во 10-тата рунда Мани уште еднаш се повлече, а Мек Грегор оттогаш не се борел во ММА.
Причина за тоа е веројатно што заработката од таа борба го сместува на четвртото место на листата на Форбс со 99 милиони долари (85 за борбата и 14 од спонзорите).
Со плати-па-гледај во САД во износ од 100 долари во ХД настанот продаде околу 4,3 милиони ППГ, што е втора најголема бројка во историјата на боксот. На прво место е мечот на Мани Пакијао и Мејведер од 2015 година, кој продаде 4,6 милиони ППГ.
Листата на Форбс на 10 спортисти со највисока заработка во 2017 година.
(Прво е наведена вкупната заработка, па добивките од мечот и од спонзорот)
1.Флојд Мејведер Јуниор / бокс 285 милиони долари 275 милиони 10 милиони
2.Лионел Меси / фудбал 111 милиони долари 84 милиони 27 милиони
3.Кристијано Роналдо / фудбал 108 милиони долари 61 милион 47 милиони
4.Конор Мек Грегор / ММА, бокс 99 милиони долари 85 милиони 14 милиони
5.Нејмар / фудбал 90 милиони долари 73 милиони 17 милиони
6.Леброн Џејмс / кошарка 85,5 милиони долари 33,5 милиони 52 милиони
7.Рожер Федерер / тенис 77,2 милиони долари 12,2 милиони 65 милиони
8.Стив Кари / кошарка 76,9 милиони долари 34,9 милиони 42 милиони
9.Мет Рајан / американски фудбал 67,3 милиони долари 62,3 милиони 5 милиони
10.Метју Стафорд / американски фудбал 59,5 милиони долари 57,5 милиони 2 милиони