Непријателството меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор по се изгледа почна да се пренесува и на лична основа.
Додека многу луѓе продолжуваат да зборуваат за евентуален бокс меч меѓу нив, ирскиот ММА борец сериозно го нападна Мејведер со еден од последните постови на социјалните мрежи.
Мек Грегор постираше анимирана слика на која тој го држи шампионски боксерски појас, додека Мејведер лежи пред него. Сепак, вистинската навреда во случајов е во тоа што Ирецот напиша коментар до сликата – „Нарекувајте ме С.Ј. Вотсон/C.J. Watson “.
Call me C.J Watson! https://t.co/9m2Omw4Wca pic.twitter.com/GZMzxxTsbb
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) January 11, 2017
Вотсон е кошаркар и игра во НБА тимот на Орландо Меџик. Но каква врска има тој во случајот?
Вотсон е причината поради која Мејведер физички ја нападна својата поранешна девојка Џоси Харис, која е мајка на три од неговите деца. Флојд во нејзиниот телефон најде пораки од Вотсон, по што се изјасни за виновен за тепање над неа и помина два месеци во затвор.
Дефинитивно Конор Мек Грегор повторно докажа дека знае како да влезе во главата на своите противници, а останува да видиме каков ќе биде одговорот на Флојд.