Мек Грегор со емотивна порака се прости со таткото на Нурмагомедов: Загубивме татко, тренер, вљубеник…

Таткото на Хабиб Нурмагомедов, 57-годишниот Абдулманап Нурмагомедов денеска почина губејќи ја битката со коронавирусот во болница во Москва. Пораки за поддршка за семејството Нурмагомедов стигнуваат од сите страни, а и покрај големото нетрпение и омраза што ја има меѓу Конор Мек Грегор и Хабиб, Ирецот покажа почит простувајќи се со Абдулманап.

„Загубивме татко, тренер, и голем фан на овој спорт. Сочувство и почивај во мир, Абдулманап Нурмагомедов“, напиша Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО