Конор Мек Грегор сé уште бара борба и не ја добива. „Озлогласениот“ сака реванш против Нејт Дијаз, Хабиб и нема ништо против за бокс меч со Флојд Мејведер.
Мек Грегор и Мејведер продадоа 4.300.000 платени гледања во 2017 година. Флојд успеа да се справи со Мек Грегор и го нокаутира во 10 рунда. Флојд рече дека никогаш повеќе нема да се бори, но Мек Грегор сè уште се надева дека ќе има втора борба во која ќе ги поправи грешките.
„Тој си ги зеде парите и можеби пак ќе се врати. Ќе бидам подготвен за него. Во првата борба, Флојд добро се претстави. Нормално, повеќе се бори дефанзивно и стои до јажињата. Но, во нашата битка, одлучи да ја промени стратегијата. Покажа нешто невидено и одлучи да се бори во мексикански стил. Се подготвувавме за пофункционална верзија, а кога реши да користи нова стратегија – не бев подготвен.
Во таа борба неговото искуство го имаше последниот збор и ме победи. Нема како да не го почитуваш, бидејќи има 50 борби во рингот и има огромно искуство. Се подготвив за стилот со кој првично започна и му го склоцав задникот кога се бореше така, бидејќи бев подготвен за него. Кога реши да ја промени стратегијата, не бев подготвен и ме победи. Само почит спрема него.
Следниот пат ќе ги поправам грешките. Зошто да нема втора борба? Ако на тренинг камповите имам спаринг партнери кои што одат напред, верувајте што ви велам, дека ќе му ја откинам главата“.
.