Мек Грегор се враќа во кафезот во јануари

Конор Мек Грегор објави дека на 23 јануари ќе се врати во октагонот против Дастин Пориер и најави можност за бокс меч со Мени Пакијао.

Некогашниот УФЦ шампион по трет пат ќе се врати од пензија.

„Прифаќам, меч на 23 јануари. Целта е борбата да се одржи на стадионот на Далас Каубојс. Џери Џонс е пријател и стадионот може да ја издржи нашата публика. Ќе бидам подготвен за Тексас и Тексас ќе биде подготвен за моите навивачи. Потоа следува Мани“, напиша Мек Грегор на Твитер.

„Продолжувам да ги изострувам ММА вештини со тешко натпреварување, истовремено водејќи сметка за подготовката за мечот со Мани. Не е лесно да се оди меѓу спортови и потоа повторно да се вратите во еден спорт. Само сакам да ја издржам острината и тоа е се. Тоа е единствено фер“, наведе Мек Гегор.

Претседателот на УФЦ Дана Вајт наведе дека ништо не знае за преговорите на Мек Грегор да се врати во боксот.

Мек Грегор дебитираше во боксерскиот ринг во 2017 година со пораз против Флојд Мејведер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON