Мек Грегор се враќа на допинг-тестовите. Славниот Ирец на крајот на годината се бори против Чендлер

Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер беа тренери во новата сезона на „The Ultimate Fighter“, која ќе почне да се емитува наскоро.

Познато е дека по последната епизода тренерите се соочуваат во октагонот, па така ќе биде и овој пат.

Нивниот меч треба да се одржи на крајот на годината, а се чини дека е отстранета уште една пречка на патот до тој судир.

Имено, славниот Ирец влегува во протоколот за анти-допинг тестирање на УСАДА, од кој беше поштеден од јули 2021 година кога на мечот против Дастин Пориер ја скрши ногата.

Мек Грегор неколку пати истакна дека овој процес ќе биде скратен, но од УСАДА нагласуваат дека нема да има исклучоци и дека правилата се исти за сите борци.

Од американската антидопинг агенција стигна соопштение во кое пишува дека Конор Мек Грегор наскоро ќе се врати на допинг-тестовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON