Мек Грегор се сомнева дека навивачите се заинтересирани за мечот меѓу Махачев и Волкановски: Два мали крлежи (ФОТО)

Конор Мек Грегор не губеше време, а веднаш по мечот за појасот во лесна категорија на УФЦ го исмеа шампионот Ислам Махачев.

Имено, во главната борба на настанот УФЦ 280 во Абу Даби, Дагестанецот во втората рунда со рачен триаголник го победи бразилскиот борец Чарлс Оливеира.

Во претходниот дел од кариерата славниот Ирец го имаше едно од најголемите ривалства во историјата на боречките спортови против поранешниот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов.

Затоа и не е чудно што големата ѕвезда на УФЦ се сврте кон Махачев, блискиот пријател и тренинг партнер на Хабиб.

Хабиб и Конор често се препукуваа преку медиумите, а еднаш се сретнаа во октагонот.

На почетокот на октомври, пред четири години, Дагестанецот со завршница во четвртата рунда го победи Мек Грегор.

По триумфот, Махачев го прозва шампионот во перолена категорија Александар Волкановски, кој во Абу Даби пристигна како резерва за главниот меч. Сите очекуваат дека Ислам ќе ја има првата одбрана по појас против Австралиецот со македонско потекло.

Тој потенцијален меч го потсети Конор Мек Грегор на еден познат момент во неговата кариера кога беше двократен шампион на УФЦ, држејќи ги појасите во перо и лесна категорија.

Секако, Ирецот имаше што да додаде на таа идеја, па со објава на Твитер ги исмеа двајцата шампиони.

Тој напиша дека ги имаат неговите титули и се запраша колкав интерес ќе предизвика борбата кај љубителите на слободните борби.

„Моите два стари појаси на два мали крлежи“, напиша Конор Мек Грегор покрај фотографијата на Махачев и Волкановски како позираат со појасот на шампионот на УФЦ.

Мек Грегор јасно стави до знаење дека чувствува дека ги има сите потребни вештини за да победи некого со стилот на Ислам Махачев.

Сега на некој начин го допре Александар Волкановски. Славниот Ирец сака да си го врати шампионскиот статус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON