Ова видео покажува како шампионот во перо категорија, Конор Мек Грегор, не престанува со напорните тренинзи. Тој се подготвува за УФЦ 197, што ќе се одржи во Лас Вегас на 5 март во МГМ Гранд арена. Тогаш Мек Грегор ќе се сретне со Рафел дош Ањош.
Рафаел дош Ањош се претстави многу убедливо на последниот меч против Доналд „Каубој“ Кероне, кога минатиот месец го победи за 66 секунди со TKO.