Прв пат по боксерскиот „меч на векот“, кој минатата недела го загуби од Флојд Мејведер со технички нокаут во 10. рунда, Конор Мек Грегор и се обрати на навивачите на Инстаграм. Ирецот позираше со чаша виски, со која дојде на прес-конференцијата по борбата и ги изнесе своите впечатоци.
„Дури сега си доаѓам при себе по неколкуте луди денови. Ви благодарам на сите за поддршката, имав одличен тим и уживав во сè. Имам чувство дека, ако само променевме неколку работи во подготовките, ќе можев да ги издржам сите 12 рунди и на крајот да победам. Но, со времето што го имавме, направивме одлична работа“, рече Мек Грегор, кој ќе заработи околу 100 милиони долари од борбата.
„Тие 30 минути што ги поминав во рингот ми беа најдолгата борба во мојата кариера. Ова беше големо школо и искуство без преседан. Новиот ден е нова лекција“, напиша Конор, а потоа го испофали својот противник:
https://www.instagram.com/p/BYc4cTmgK-7/
„Честитки за Флојд. Се виде неговото огромно искуство и методи на работа. Му посакувам се најдобро во пензија. Тој е неверојатен боксер. Против неговото искуство, трпение и издржливост немав шанси. Отсекогаш говорев дека тој не е борец, туку боксер. Но, откако поминав некое време со него во рингот, морам да кажам дека е солидна борец. Силен е во клинчот и има многу добра ориентација. Мислам дека во ММА би имал многу добри решенија. Еве, ова е чаша виски за сите вас, ви благодарам! Одиме понатму“, рече Мек Грегор!