Шампионот во лесната категорија на УФЦ, Конор Мек Грегор, ужива во вниманието на навивачите, но очигледно не и кога официјално е на одмор. Во моментов борецот ужива во спокојство далеку од кафезот на УФЦ во очекување да стане татко.
Сепак, негов фан одлучи да го снима миленикот. Не се знае што рекол пред камерата да почне да снима, но или било нешто навредливо или Мек Грегор навистина не сака неговиот личен простор да се нарушува додека е на одмор.