Мек Грегор сам се запиша во Куќата на славните на УФЦ

Mek Gregor na Press

Беше само прашање на време, кога шампионот на УФЦ во перо категорија, Конор Мек Грегор, ќе го запише своето име во Куќата на славните.

Така тој ќе се приклучи на легендарни борци како Чак Лидел и Ренди Котур.

Тоа најверојатно ќе се случи за време на овогодинешната International Fight Week, кој ќе се одржи во Лас Вегас.

Веста беше соопштена од самиот „Ноториус“:

„Среќен сум да ви соопштам дека имам чест да го запишам своето име во Куќата на славните на уФЦ. Наскоро очекувајте поподробни детали за ова“.

Останува само месец до долгоочекуваниот меч меѓу него и шампионот во лесна категорија Рафаел дош Ањош. Тогаш ќе биде јасно дали Конор ќе успее да ги исполни сите негови закани и дали навистина заслужува место,кое толку многу го сака, во Куќата на славните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО