Конор Мек Грегор ќе се сретне со Нејт Дијаз на настанот УФЦ 202 во Лас Вегас, обидувајќи се да го добие реваншот за првиот пораз во УФЦ од Дијаз во март годинава.
Иако во овој момент сите погледи се насочени спрема 20 август и шоуто Мек Грегор – Дијаз, еден од репортерите му го посатви прашањето на ирскиот борец за расширената идеја од пред неколку месеци, односно за евентуална средба за најпаралиите во боречките спортови, меѓу него и боксерската легенда Флојд Мејведер.
Мек Грегор одговори позитивно, но и додаде дека тоа би го направил само за сериозна сума.
„Да, се разбира, дека се интересирам“, изјави Ноториус, додавајќи: „Токму во моментот Флојд ги разгледува канцелариите на Шоутајм, обидувајќи се да ми ги собере парите. Токму тоа го прави тој. Тој трча по канцелариите на Шоутајм, молејќи за едно 100 милиони за мене, за да се бориме. Кога тој ќе успее да ми ги собере парите, тогаш можеме да го направиме тој меч“.
„Ако сака да се бориме, ќе се бориме. Ако тој инсистира и за некое специфично правило, за да го заштити од вистинска борба, тоа не е проблем. Доста за парите, на лед нека се, можеме да се бориме дури и под неговата заштитна мрежа од правила. Сепак, на мене не ми требаат правила. Ги е.ам правилата“.
„Бокс општеството вели дека не умеам да боксувам. Тогаш јас велам, океј – ајде да се бориме. „Но тебе не те бидува со удар, лактови или борење. Додека не можеш да го правиш тоа, ќе ти го касаме боксерскиот газ“. Добро, тогаш. Слушам и дека и граплинг заедницата вели дека не ме бива во борби. Им одговарам – добро, ајде да се бориме. Тогаш тие ќе речат – „да, но ти не можеш да боксираш или удираш со нозете. Додека не го умееш тоа, ќе тиго касаме граплинг газот“. Сите овие луѓе велат дека не можам да го правам ова или она. Велам, ајде тогаш се бориме. Ги предвидовте сите овие правила. Имаа потреба од правилата, за да ги заштитат. Јас немам потреба заштита со правилата. Можам да се борам на секој начин“.