Мек Грегор: Роден сум за ММА

Поранешниот двоен шампион Конор Мек Грегор е во многу добра форма пред големото враќање во кафезот на УФЦ. На 23 јануари во Абу Даби ќе го видиме „Озлогласениот“ против Дастин Пориер во главната борба на УФЦ 257. Овој дуел ќе биде во лесна категорија и е нивна втора пресметка.

Во 2014 година на првата средба во перо категорија Мек Грегор го нокаутира Пориер за една минута и 46 секунди. По оваа битка Конор забележа шест победи и 2 порази и успеа да стане шампион во лесна категорија, како и во перо категорија.

Овој пат влоговите се многу големи, бидејќи победникот ќе стане неоспорен кандидат за титулата. Конор е посамоуверен од кога било и верува дека ќе им подари на фановите ремек-дело.

На својот профил на социјалните мрежи, Мек Грегор ја покажа моменталната форма и ијзави дека е роден за ММА.

Конор Мек Грегор: „Роден сум за ММА“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON