Конор Мек Грегор ги помина последните две години грижејќи се за повредата и развивајќи го својот бизнис, но откако ја презеде улогата на тренер во ТУФ 31, многумина почнаа да се радуваат на неговото враќање во рингот. Неговото последно појавување даде малку појасен одговор на прашањето – дали е ова негов план?
„Озлогласениот“ беше фотографиран како излегува од хотел со семејството пред да им даде автограми на фановите кои чекаат. Некои од нив објавија видеа како разменуваат зборови со него, а еден успеа да фати одговор дека планира повторно да се бори.
Самиот Мек Грегор повторно го објави видеото на социјалните мрежи за да ги поткрепи неговите зборови, па чекаме да дознаеме кога и каде повторно ќе се натпреварува.
It’s all love ❤️ https://t.co/oeF74aZ8Yx
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) June 26, 2023