Мек Грегор потсети од каде доаѓа: Гради станови за сиромашни семејства!

Ирецот Конор Мек Грегор реши да изгради зграда, а осум семејства ќе добијат нови станови, кои во моментов престојуваат во хотели во Даблин. Мек Грегор проектот го финансира со свои пари.

Славниот ММА броец покажа дека не заборавил од каде доаѓа. Тој има потекло од работничко семејство и пред да заработи милиони евра преку борби, работеше како водоинсталатер.

„Завршуваме осум домови. Станува збор за трисобни домови наменети за семејства, кои во моментов се наоѓаат во хотели во Даблин. Семејствата немаат сопствен дом. Горд сум додека одам по градилиштето и ги запознавам соседите на кои наскоро ќе им се приклучат новите семејства. Ирска пред сите! Ирска засекогаш!“, напиша Мек Грегор на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/BxitTW9oxUe/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON