УФЦ 194 ја носи борбата за обединување на титулат во перолесна категорија меѓу Хозе Алдо и Конор Мек Грегор. Љубителите на УФЦ со нетрпение го чекаат овој меч, кој веќе еднаш беше откажан поради повредата на Алдо.
Сега сите може да се надеваме некоја нова повреда повторно да не го одложи мечот, кој сите со нетрпение го очекуваат и која има најголема промоција во историјата на најсилната ММА организација во светот. Хозе Алдо мораше да го откаже настапот против Мек Грегор на УФЦ 189 поради повреда на реброто, а Ирецот верува дека неговиот противник овој пат е подготвен за пресметка.
„Реков дека е малку прерано за Алдо, бидејќи имаше повреда на реброто и помислив дека повторно може да ја обнови. Но, сега сме се поблиску до мечот и сите претпоставки се дека ќе се појави на средбата. Се надевам дека е така“, рече Мек Грегор.
„Подготвен сум да го убијам тој човек и да ги обединам титулите. Што тогаш ќе речат критичарите? Што да ќе речат кога ќе падне Алдо? Тој е број еден паунд-фор-паунд борец. Ќе видиме што ќе кажат кога Алдо ќе се распадне“.