Конор Мек Грегор (21-3, 9-1 УФЦ) на 6 октомври во Лас Вегас ќе се обиде да ја врати титулата на УФЦ во лесна категорија.
Во првата борба од ноември 2016 година, 30-годишниот Ирец ќе го предизвика непобедениот Хабиб Нурмагомедов (26-0, 10-0 УФЦ) во неговата прва одбрана на титулата.
Мек Грегор во ноември 2016 година со нокаут против Еди Алварез стана првиот борец во историјата на УФЦ кој истовремено ги има појасите во две категории. Двата појаси му беа одземени пред и да ги брани.
Ноториус преку социјалните мрежи објави збирка на видео клипови од подготовките за Нурмагомедов.
https://youtu.be/GAU8Dxd9J50
.