Според списанието Форбс, богатството на Конор Мек Грегор тежи 99 милиони долари, по последните пресметки во јули оваа година.
Тој е на 12-то место на листата 100 најплатени славни личности, односно на 4-то место на листата најплатени спортисти на светот.
„Звучи чудно, но Конор всушност не троши многу пари – луксузната облека е платен да ја носи, луксузните коли што ги вози му се подарени“, објаснува неговиот тренер Џон Каванаг во интервју за Ијариш индепендент.
„Не сака да оди во ресторани, сопругата му готви“, вели Каванаг.
Иако Мек Грегор е познат по екстравагантниот стил на живеење, неговиот тренер инсистира дека ММА борецот живее во „прилично скромен дом“ и „не се коцка“.
Каванаг, во интервјуто со Пол Кимиџ од Индепендент, рече дека Мек Грегор е добар во борење колку што е „компетитивен во неговиот бизнис – неговото виски“.
На 7 октомври Озлогласениот беше поразен од Рускинот Хабиб Нурмагомедов во четвртата рунда на историскиот меч за титулата на УФЦ во лесна категорија.
Каванаг го коментираше поразот и рече дека тимот на Мек Грегор бил сигурен дека Ирецот ќе победи, признавајќи дека исходот од борбата покажал дека Хабиб е подобар.