Мек Грегор откри нескромни трошоци за тренинг кампот за УФЦ 202

Mek Gregor so kup pari

„Ова дефинитивно не е само уште една борба“, изјави за ЕСПН, Конор Мек Грегор, кој веќе на 20 август ја бара одмаздата за поразот од Нејт Дијаз на УФЦ 196 во март оваа година.

Благо речено Ирецот е опседнати со единствениот пораз во УФЦ и новата борба со Дијаз, иако не во неговата категорија и не носи никаква титула, стана неговата најважана борба во живот.

Подучен од грешките на првата средба, Ноториус одлучи да го прилагоди тренинг кампот специјално за неговиот противник од Стоктон и притоа не се штедеше.

„Со сали, автомобили, транспорт, летови, сместување, ценам дека трошокот за овој тренинг камп ме чини 300.000 долари. Ова е голема, голема цена, но јас заработувам многу, па во големиот план, фактички, ова е малку“.

Мек Грегор по обичај во трошоците го вклучува изнајмувањето на „Мек Вили“, како и скапи автомобили, во Лас Вегас, каде што ги одработи повеќенеделните подготовки. Тука се и трошоците за тренерот Џон Каванаг, девојката Ди Девлин, спаринг партнерите како БЏЏ мајсторот Дилон Денис, шесткратниот боксерски шампион во Ирска, Конор Валас, олимписките боксери Питер Кели и Киано Коули. На кампот повторно му се приклучи тренерот по движење Идо Портал и уште многу вообичаени членови на тимот, како Артем Лобов кој заедно со Мек Грегор се бори на УФЦ 202.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON