Мек Грегор откажал учество во филм за седмоцифрена сума, за да се подготвува за Дијаз

Konor vo kola so odelo

Конор Мек Грегор откри дека го одбил предлогот од седумцифрена сума да снима филм, само и само тоа да не ги расипе неговите подготовки за мечот со Нејт Дијаз на УФЦ 202 на 20 август.

Ирецот појасни дека станува збор за најновиот филм од серијалот „Три икса“ со Вин Дизел во кој, во други околности, може да има улога.

„Се сретнав со режисерот на филмот пред средбата со Хозе Алдо. Тогаш јас се согласив да настапам во филмот. Сепак, по последниот меч му се јавив и му реков: „Слушај, не можам да учествувам во снимањето, бидејќи тоа не е нешто што се обидувам да го направам во моментов. Се обидувам да се фокусирам на она што го правам пред сè друго“.

„И така целосно се повлеков од филмот. Требаше да добијам седемцифрен хонорар, кој, сепак, го одбив, за да се подготвам за овој меч. Тоа е поважно за мене. И порано сум рекол – не сум тука заради шоубизнисот, јас сум борец. Тоа е она што се обидувам да го правам, а не сите други глупости“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON