Конор Мек Грегор може да остане без титулата, бидејќи од УФЦ размислуваат и за одземање на појасот доколку не се врати во кафезот и го брани. Последен пат шампионот во лесна категорија се бореше во декември 2016 година.
Најверојатното решение ќе биде одземање на титулата на Мек Грегор, затоа што „појасот мора да продолжи понатаму“. УФЦ веќе ги имаат и имињата на двајцата борци кои најверојатно ќе се борат за преземање на титулата.
„Конор вели дека размислува да се врати во септември, а тоа е речиси две години (од последната борба) – и тоа не може да се дозволи.
Едноставно не е фер кон сите други. Го сакам Конор, го почитувам Конор, и сето она што тој го направи за компанијата, ама појасот апсолутно ќе мора да продолжи понатаму,“ изјави претседателот на УФЦ, Дана Вајт, во интервју за Фокс спорт.
Во декември 2016 Мек Грегор ја имаше својата последна борба во УФЦ против Еди Алварез. Борбата ја заврши при крајот на втората рунда со комбинација од 4 удари кои го нокаутираа Алварез.
https://youtu.be/eb3A72Gw4g4
Додека Мек Грегор имаше излет во боксот, во УФЦ се појавија двјаца потенцијални шампиони, од кои најверојатно ќе биде изборот за нов шампион во лесна категорија. Тоа се 29-годишниот Дагестанец Хабиб Нурмагомедов и експертот за бразилско џиу џицу Тони Фергусон. И Вајт потврди дека моментално работат на оваа борба, а „ако и кога Конор се врати, тој прв ќе добие шанса за борба за титулата“.