Мек Грегор: Не сум силувал жена во Даблин

Пред неколку дена една млада жена и нејзината мајка поденсоа тужба против Конор Мек Грегор. Младата жена од Даблин тврди дека Мек Грегор ја силувал пред неколку години во неговата татковина.

Таа од него бара отштета од 2,13 милиони американски долари. Конор негира дека сторил нешто такво и вели дека е чист. Инцидентот се случил во 2018 година во хотел во Даблин.

Предметната жена и Мек Грегор флертувале на социјалните мрежи, по што тој ја однел во неговиот автомобил. Медиумите во Ирска велат дека имало кокаин од кој жената земала мала доза. Тие отишле во хотелот, каде Конор ја присилил на сексуален однос со него.

Таа го гризнала и го удрила, а тој ја фатил за грлото и ја подигнал неколку пати. Жената и открила на полицијата дека пријател на Конор и дал да пие, а подоцна овој пријател им соопштил на властите дека тој всушност имал секс со неа, но таа не се сеќава и го негирала тоа.

На крајот, мајката на дотичната жена повикала брза помош, а во болницата е откриено дека има модринки. Не е јасно што точно се случило, но Мек Грегор го изјави следното:

„Стара работа. Долги години бев под истрага и сите можни сомневања беа отстранети од мене. Јас сум чист. Тоа е се. Има толку многу добри работи во мојот живот. Викендов ме чека голем предизвик и со нетрпение го очекувам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON