Конор Мек Грегор повторно се најде во центарот на вниманието со своето скандалозно однедсување. Поранешниот УФЦ шампион удрил недолжен човек во ирски паб откако одбил да го испие неговото виски.
Снимките од инцидентот на кои се гледа како Мек Грегор удира постар човек се појавија денеска, и на нив се гледа агресивното однесување на Мек Грегор откако постариот човек одбил да го испие неговото виски.
Според извори од полицијата, има две причини за агресивниот испад на ММА борецот. Постариот господин го провоцирал Мек Грегор со зборовите дека му е мило што загубил во последната борба од Хабиб Нурмагомедов, а втората е што не сакал да го испие вискито „Proper Twelve“ кое го произведува токму ирскиот борец, со порака дека е со слаб квалитет.