Мек Грегор му одговори на Вајт: Ќе ви треба Армија, за да ми земете некој појас!

mek-gregor-vo-temnina

Шампионот на УФЦ во перо категорија, Конор Мек Грегор, индиректно му одговори на претседателот на компанијата, Дана Вајт, кој рече дека „Mystic Mac“ ќе треба да се откаже од еден од појасите, ако го победи Еди Алверз на УФЦ 205 и ја освои титулата во лесна категорија.

Тогаш Мек Грегор ќе стане првиот борец во историјата на УФЦ, кој бил шампион во две различни категории во исто време. Сепак, според Дана Вајт, Конор ќе треба да избере со кој појас ќе се раздели.

Самиот Мек Грегор јасно даде до знаење дека воопшто нема таква намера, изразувајќи желба да го задржи и двата појаси.

„На нив ќе им треба цела армија, за да ми земат еден од двата појаси. Еден ќе биде тука, а другиот таму, а јас ќе продолжам да бирам кого да го уништам“.

„Ќе го ставам едниот појас на едното рамо, другиот на другото и ќе треба војска за да ми ги одземат“, изјави Мек Грегор.

ММА по полека му го  презема приматот на боксот, бидејќи билет за УФЦ 205, веднаш до октагонот ќе чинат 1.200 долари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON