По завршувањето на Европското првенство во фудбал во Франција каде што Португалија и Кристијано Роналдо ја освоија шампионската титула, тој се придружи на една друга светска ѕвезда Конор Мек Грегор.
Конор кој на 20 август на УФЦ 202 по втор пат ќе ги одмери силите со Нејт Дијаз, сосема неочекувано, доцна синоќа за свој спаринг партнер го имаше Роналдо, кој од друга страна пак, покажа дека на сосема несекојдневен начин се подготвува за новата сезона.
Сликата на која Роналдо и Мек Грегор се наоѓаат во УФЦ кафезот експресно стана вирална на социјалните мрежи, а посебно изненаден од физичката подготвеност на Кристијано останал и ирскиот борец кој не можеше да не ја искоментира градбата на големата ѕвезда на Реал Мадрид.
– Мојот брат Роналдо пристигна на тренингот денеска. Тој е животно, – напиша Мек Грегор на Инстаграм.