Мек Грегор: Мејведер има потреба од мене, а не јас од него

conor mc gregor so rasireni race

Конор Мек Грегор не ја отфрла можноста за средба со пензионираната боксерска легенда Флојд Мејведер.

Но, рече дека Мејведер има поголема потреба од него отколку тој на Мејведер за да заработи големи пари.

„Тој ги пушти гласините. Тој би добил 100 милиони долари, а јас седум. Тоа за мене е намалување на платата. Јас не прифаќам намалување на платата. Мислев дека парите се во боксот. Седум милиони е апсолутно смешно понуда. Тој зборува за 100 милиони долари. И јас земам 100 милиони долари. Јас имам 27 години и сум на половина пат до договор од 100 милиони долари“, рече Ирецот за ЕСПН.

„Со 27 години Флојд Мејведер беше на листата на Оскар де ла Хоја. Споредете го тоа. Кој не сака да ги покори двата света? Тој старее. Имам големина, имам распон на разцете, имам висина. Имам младост. Тој има потреба од мене, а не јас од него. Тоа е вистината. Воопшто, со кој може да се бори тој? Ако се бори со некој од светот на боксот неговата плата од 100 милиони ќе падне на 15 милиони долари. Му требам. Ако сака да разговараме, можеме да разговараме, но јас сум тој што ја контролира ситуцаијата овде“.

Мек Грегор нема ништо против да се борат по правилата на боксот, а не на ММА.

„Навистина не ми е грижа за правилата. Може да ги има правилата кои ги сака. Знам дека нема да сака ММА меч и вистинска борба. Ако сака да се бори во ограничен режим на борба, нема проблем, може и тоа да го направиме тоа. Ќе ставам настрана многу форми на борба кои ги тренирам и ќе се фокусирам на една одредена вештина“.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт рече дека Мек Грегор има договор со УФЦ кој спречува таква борба, но ако Мејведер е заинтересиран нека го повика него.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON