Мек Грегор мавтал со половиот орган пред една млада жена на Корзика

Минатиот викенд, големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор повторно западна во скандал во Франција. „Ноториус“ требаше да учествува во планираните 180 км добротворно патување преку Медитеранот. За жал, тоа не се случи, бидејќи Мек Грегор беше уапсен од полицијата откако беше поднесена жалба против него. Една млада жена го обвинува за сексуален напад и непристојно однесување. Немаше многу детали за тоа што се случи, но Франс 3 Корс јави дека еден сведок открил точно што направил поранешниот двоен шампион.

Сведокот рекол дека Мек Грегор бил со своите телохранители и мавтал со својот полов орган пред една млада жена која се обидувала да стигне до тоалетите во барот. Жената, која е мажена, била шокирана од постапката на ММА ѕвездата. Веројатно е дека сè е снимено од безбедносните камери, кои ги има насекаде во локалот. Властите ќе спроведат истрага, по што ќе стане јасно каква ќе биде судбината на милионерот. Таборот на Конор негираше дека се однесувал непристојно, а неговиот менаџер се сомнева во сцена со цел грабеж на неговиот борец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON