Мек Грегор кон Алдо: Стегни се и дојди!

conor-mcgregor-flag

Средбата меѓу Конор Мек Грегор и Хозе Алдо на УФЦ 189 се уште останува неизвесна, но Ирецот го повика шампионот да стисне заби и да излезе против него. 

„Стегни се и дојди. Многу луѓе излегувале во октагонот со какви не повреди. Сите имаме повреди. Надмини го тоа и излези. Бори се како вистински маж. Бори се како шампион, како што се претставуваш“.

Алдо и Мек Грегор долго време се закануваат еден на друг, а УФЦ инвестира многу средства за рекламирање на овој меч. Алдо ќе добие и многу повеќе пари за оваа средба, од која и да е друг негов меч во организацијата. Исто така и ова е причина зошто може Бразилецот да излезе, иако не е целосно здрав – според едно од истражувањата, реброто на Алдо е напукнато, а не е само модринка, како што беше најавено на почетокот.

„Влогот е голем. Многу пари, многу гордост. Не би требало да има причина да се откаже од борбата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON