Големата ѕвезда на УФЦ Конор Мек Грегор набрзо почна да тренира со полна брзина. Ноториус изјави дека се уште ужива во алкохолни пијалоци, но ќе мора да се воздржува од своето виски кое го прогласи за прекрасна креација.
Друг начин нема, бидејќи вискито го направи Мек Грегор многу богат. Конор речиси се опорави од скршеницата на ногата во трилогијата со Дастин Пориер минатиот јули. Ѕвездата на УФЦ ќе се обиде да ја прекине серијата од 2 последователни порази.
Поранешниот двоен шампион на социјалните мрежи шири мудрост и напиша:
„Секој ден плаќаме кирија на овој свет. Така е за секој од нас. Земете ги сите лекции што сте ги научиле досега и искористете ги во следниот круг. Успехот никогаш не е последен.
Неуспехот никогаш не е фатален! Продолжи да одиш. Одиме напред и нагоре.
За моите борбени фанови, сакам да кажам дека уживам во алкохолот, но наскоро повторно ќе бидам потопен во тренинзите со полна брзина со целосна апстиненција од моите прекрасни креации (виски)“.