Мек Грегор: Ќе го ноакутирам Пориер за 60 секунди

Конор Мек Грегор се подготвува за брз нокаут на Дастин Пориер на УФЦ 257 за помалку од 2 недели во Абу Даби. Нивната борба е реванш, но овој пат во лесна категорија. Во првата борба пред неколку години во перо категорија Конор го нокаутира Пориее за една минута и 46 секунди, а тоа беше сериозен исчекор кон големиот успех.

„Озлогласениот“ стана двоен шампион и заработи многу пари, поради што ја загуби мотивацијата. Мек Грегор во последните 4 години има направено само две битки. Загуби од Хабиб Нурмагомедов и го нокаутира за 40 секунди Доналд Цероне на почетокот на минатата година.

Битката со Поарие ветува спектакл, а влогот е шанса за титулата во категоријата. Конор за медиумите изјави дека овој пат ќе го нокаутира Пориер побрзо отколку пред неколку години.

„Ми се допаѓа Дастин и мислам дека тој е добар борец. Тој е голем борец, но во исто време многу е под моето ниво. Ќе го нокаутирам за 60 секунди“, порача Мек Грегор.

https://youtu.be/eMFBEiAJaKc

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО