Мек Грегор ќе се бори со Дијаз: Ако се симне на 70 кг ќе има трета пресметка!

Сѐпоголеми се шпекулациите дека Мек Грегор и Нејт Дијаз ќе одат на трета средба, бидејќи досегашниот скор е 1-1, со тоа што овојпат Конор сака да ги диктира условите.

„Ако Диаз сака да се бори против мене, ќе мора да се симне на 70 килограми. Се борев со него на 77 килограми и изгубив, за потоа да побарам реванш и да го победам. Сега ќе се бориме само под мои услови. Ако сака да ја нападне титулата, мора да дојде во мојата категорија“, изјави Мек Грегор.

Конор Мек Грегор ја освои титулата во категоријата до 70 килограми во борбата против Еди Алварез и оттогаш не се борел.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON