Конор Мек Грегор продолжува со подготовките за борбата против шампионот на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, а почна и да го напаѓа идниот противник по социјалните мрежи.
Мек Грегор не само што навести дека ќе го убие Нурмагомедов, истакна и дека за таков исход од битката, ќе добие двоен хонорар.
„Ако умре – добро! Тогаш ќе ми биде платено двојно“, напиша Конор на Инстаграм.
Конор Мек Грегор отсекогаш бил познат по својата способност да влегува под кожата на противникот и да го вади од рамнотежа. Истото му се случи и на Жозе Алдо, но Хабиб Нурмагомедов тврди дека не обрнува внимание на зборовите на Ирецот и претпочита да зборува во „кафезот“. Иако, во случајов со Русинот е претпалзив, дури многу и му забележаа што го нема неговто валкано зборување.
Средбата меѓу Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов ќе се одржи на 6 октомври на УФЦ 229.