Мек Грегор ја исполни желбата на болно низлечивото момче (ВИДЕО)

mek gregor i bolnoto deet

Конор Мек Грегор е еден од најпознатите ММА борци во светот. Во моментов тој има 7 победи и 1 пораз во УФЦ. Конор (27 г.) го освои шампионскиот појас во категорија до 66 кг, откако го нокаутира Хозе Алдо за рекордни 13 секунди. Покрај тоа, тој може да се пофали дека е најскапо платениот борец и најпрепознатлив од светската публика.

Голем дел од љубителите на мешаните боречки спортови го мразат неговото арогантно однесување, додека други го доживуваат како задоволство вербалните спаринзи на духовит Ирец.

mek gregor i hoze aldo razdvoeni

Арогантен или не, Конор сфаќа дека, за да го задржи имиџот на живеење кој што го изгради, треба да му „налее бензин на огнот“. Веројатно „тежината“ да бидеш борец на највисоко ниво, истовремено и фасцинантен шоумен, води до градење на личноста, кој, покрај се останато, е и невообичаено активен шампион во организацијата.

mek gregor slavi so irsk zname

Сепак, каков е тој во секојдневниот живот? Дали навистина се однесува дрско, како што тоа постојано го демонстрира пред медиумите и ривалите, или има уште нешто зад кулисите. Сигурно, многу од навивачите кои го мразат Ирецот, би биле изненадени да се запознаат со другата функција на неговиот остар карактер. Запознајте се со Гевин Глин – неизлечивото болно момче, кое страда од ретка и смртоносна форма на рак. Момечето било голем обожавател на мешаните боречки вештини, а особено на Конор Мек Грегор. Кога неговиот омилен борец разбрал за состојбата на својот фан, тој сам се поврзал со таткото на момчето и го поканил Гевин во својата сала, за да потренират заедно.

За огромна жал Гевин, ја изгубил битката со тешката форма на рак, но таткото на момчето не го заборавил достојниот гест на ММА шампионот. Подобната постапка е исклучително искрена и милосрдна, која ги тера љубителите на спортот да ги видат своите ликови во една сосема поинаква светлина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON