Мек Грегор и Пориер ја имаа пропишaната тежина на мерењето за УФЦ 264, и Амедовски точен на вагата

Сè е подготвено за УФЦ 264.

Борците го направија официјалната мерење и сè помина без значителни проблеми. Само борецот Ирена Алдана во бантам категорија не ја исполни пропишаната тежина. Таа застана на вагата со 139,5 „фунти“ и ја надмина дозволената граница за 3,5 „фунти“ (приближно 1,6 килограми). Борбата меѓу неа и Русинката Јана Куницкаја сепак ќе се одржи, но Алдана ќе мора да плати 30 проценти од хонорарот на својата противничка и ќе ја изгуби можноста да освои бонус. Лидерите на настанот, Конор Мек Грегор и Дастин Пориер, поминаа без никаков проблем, но тие го искористија дозволеното пречекорување и вагата им покажа 156 „фунти“ на двајцата.

Поранешниот шампион во лесна категорија Рафаел дош Анчос исто така се појави на мерењето и ги потврди гласините дека е замена во случај Дастин Пориер или Конор Мек Грегор да ја откажат борбата. И тој го искористи дозволеното пречекорување и дојде исто толку тешко, како и двајцата актери од главната борба. Засега е непознато колку пари ќе заработи Бразилецот за оваа замена, но успешно ја заврши својата работа.

Македонскиот борец Ален Амедовски (186 фунти) и неговиот противник Ху Јаозонг (185,5) ја исполнија потребната тежина за да се борат во средна категорија и нивната борба ќе го отвори овој голем настан. Амедовски се бори за првата победа во УФЦ во третиот настап.

Свеченото мерење и последното соочување на борците можете да ги следите на овој ЛИНК, а настанот започнува во еден часот по полноќ. Погледнете ја снимката од официјалното мерење и целосните резултати.

УФЦ 264 – Резултати од мерењето (во фунти):

Главниот дел од настанот:

Дастин Пориер (156) – Конор Мек Грегор (156)

Жилберт Барнс (170,5) – Стивен Томпсон (170,5)

Таи Туиваса (263) – Грег Харди (264,5)

Ирина Алдана (139,5) * – Јана Куницкаја (134,5)

Шон О’Мели (135,5) – Крис Мутињо (135)

Прелиминарен дел од настанот:

Карлос Кондит (171) – Макс Грифин (170,5)

Нико Прајс (169,5) – Мишел Переира (170,5)

Рајан Хол (145) – Илија Топурија (145,5)

Тревин Џајлс (185,5) – Дрикус Ду Плесис (185,5)

Ран прелиминарен дел од настанот:

Џнифер Маја (125,5) – Џесика Ај (125,5)

Омари Ахмедов (185,5) – Бред Таварес (184,5)

Жалгас Жумагулов (125,5) – Џером Ривера (125,5)

Ху Јаозонг (185,5) – Ален Амедовски (186)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON