Конор Мек Грегор го предизвика славниот рапер Фифти Сент на борба бидејќи му здосади да гледа како музичарот се потсмева со некои негови фотографии на Инстаграм, па го покани на средба очи в очи.
„Кога би морал да бирам позната личност, тоа нека биде Фифти Сент. Ох, да, би се соочил со него“, вели Мек Грегор.
Конор вели дека го користел неговото име во текот на подготовките за мечот против Флојд Мејведер, бидејќи знаел дека тие двајцата се дружат. Но, тогаш Фифти Сент почнал да го прозива на социјалните мрежи, а на Инстаграм постојано поставувал фотомонтажи од негови фотографии.
„Еднаш му одговорив и ме блокираше. Така што, Фифти Сент, ако го слушаш ова, ајде да се договориме за место и време“, вели тој.
Мек Грегор треба да се вртаи во кафезот на 18 јануари 2020 година, во Лас Вегас. Сè уште не е познато кој ќе биде негов противник.