Мек Грегор го обра бостанот: Чекајќи сопругата да се породи и направил дете на друга девојка?

Ирската ѕвезда Конор Мек Грегор неочекувано се најде во центар на скандал од невидени размери, откако Тери Мареј објави дека има дете од ирскиот борец.

Мареј најавила дека преку судот ќе бара ДНК-примерок за да докаже дека татко на нејзиното дете е Мек Грегор. Таа вели дека имала афера со Ирецот, а набрзо потоа дознала дека е бремена. Мек Грегор не сакал да слушне за тоа и за тоа дека таа носи негово дете.

Ирецот е венчан со Ди Девлин, а Мекеј сега откри детали од нивната секс-афера. Додека Ди чекала да се породи со дете од Мек Грегор, таа затруднела со ќерката Клоух.

„Сакам само да докажам дека Конор е таткото на Клоух и ништо повеќе. Не лажам. Сакам само да направиме тест и потоа може никогаш повеќе да не се видиме, без оглед на резултатите. Не ми требаат неговите пари, како што сите мислат. Имавме секс четири недели пред неговата сопруга да се породи и тоа двапати во неколку дена. Подоцна кога дознав дека затруднев, му праќав пораки, но тој никогаш не ми одговори“, вели Мареј.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON