Мек Грегор го нападна, Волкановски го брани : Прво треба да ме поминеш мене

Актуелниот УФЦ шампион во перо категорија, Австралиецот со македонско потекло, Александер Волкановски застана во одбрана на „малата“ ѕвезда на социјалните мрежи, Хасбула Магомедов, откако Конор Мек Грегор напиша дека сака да го шутне рускиот тинејџер со пречки во растот преку гол.

https://twitter.com/HasbulIah/status/1556043052392878082?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1556043052392878082%7Ctwgr%5Edb0ecd13626e7ab6f50e7b90e8478994a1dfefd2%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fmma%2Fmakgregr-zaplashi-xasbula%2F

Волкановски, кој ја одбрани УФЦ титулата во јули во третиот меч против Макс Холовеј, неодамна се сретна со Хазбула при неговата посет на Австралија, и реагираше кога 34-годишниот Мек Грегор на социјалните мрежи тргна во напад на Хасбула.

https://twitter.com/HasbulIah/status/1556043052392878082?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1556043052392878082%7Ctwgr%5Edb0ecd13626e7ab6f50e7b90e8478994a1dfefd2%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fmma%2Fmakgregr-zaplashi-xasbula%2F

„Би сакал да го шутнам тоа мало џуџе Хасбула преку гол. Колку би можел да го фатам на волеј. Ќе си направам мисија да дадам тројка со него еден ден“, напиша Мекгрегор.

На Волкановски ова не му се допадна.

„Прво ќе треба да ме поминеш мене. Остави го мојот пријател на мир, Конор“, напиша Волкановски на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON