Конор Мек Грегор повторно се најде на удар на многумина поради неговите изјави, а овој пат ги навреди кечерите и ѕвездите Светската кечерска организација/ World Wrestling Entertainment (ВВЕ/WWE).
Неодамна новинарите го прашаа Мек Грегор има ли шанси да се појави во борба со некоја ВВЕ ѕвезда, откако Брок Леснар успешно се врати од ВВЕ во УФЦ и го победи Марк Хант (иако падна на допинг тестот). Конор одговори во свој стил: „Тоа се ебани пички“.
Фановите на кечерите, а и самите ѕвезди бурно реагираа и ги преплавија профилите на Мек Грегор на социјалните мрежи со лути и шеговити коментари. Не требаше да помине долго време за Ирецот да им одговори.
„Не сакав да се покажам непочитување спрема ВВЕ фановите. Сакав да кажам дека ќе го исплескам целиот нивен ростер, и тоа два пати во неделата“, пишува Конор.
ВВЕ легендата и поранешен олимписки шампион во борење, Курт Англе на Мек Грегор му одговори: „Многу смешен мал човек. Зошто не иа изјвадиш главата од газот на Дана Вајт“.
ВВЕ ветеранот Крис Ерихон се исмеа Конор пишувајќи: „Никогаш не сум слушнал за него“.
„Голем си како мојата нога. Замолчи“, му порача Роман Реигнс!
„Толку многу приказни од типот кој се бори 15 минути два пати годишно“, рече Александар Русев.