Мек Грегор е замена на мечот Хабиб – Фергусон

Хабиб Нурмагомедов ќе го брани шампионскиот појас во лесна категорија во УФЦ на 18 април во Њујорк против Тони Фергусон.

Мечот кој љубителите на ММА спортот со нетрпение го очекуваат договорен е петти пат и сите се надеваат дека овој пат ќе се одржи. Но, ако се случи некој да се откаже него ќе го замени, ни помалку, ни повеќе – Конор Мек Грегор!

Ова го потврди претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

„Конор ќе биде спремен да замени некој ако е потребно. Тој сака оваа година да се бори три пати. Желба му е повторно да се бори против Хабиб ако го победи Цероне. Ако некој се откаже од некаква причина, Конор ќе биде подготвен“, изјави Вајт.

Мек Грегор скоро по година ипол за 15 дена ќе се врати во меч со Доналд Цероне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON