Мек Грегор е подготвен за борба со браќата Дијаз: Дајте ми ги

Евентуалното враќање на Ник Дијаз во кафезот ги возбуди духовите во ММА круговите. Медиумите, навивачите и борците чекаат официјална потврда од Дијаз кога ќе се бори.

Конор Мек Грегор беше еден од првите што изрази желба не само да се бори против Ник, туку и да има трет дуел со брат му Нејт.

Тој го направи тоа со коментар на социјалната мрежа Твитер, под фотографијата на двајцата браќа.

Ривалството на Конор со Нејт е добро познат и јасно е дека третиот меч меѓу нив ќе донесе многу приходи и интерес на гледачите. Ник долго време остана надвор од спортот, но постојано се закачаше со Мек Грегор на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО