Мек Грегор: Доналд Трамп може да си ја затне својата дебела уста! (ВИДЕО)

McGregor Irac cešanje

Конор Мек Грегор вчера слета во Лос Ангелес и на првите две прашања, кои што ги доби од претставниците на TMZ беа во врска со настапот на Ронда Русеј и коментарите на Доналд Трамп за исходот на главната борба на настанот УФЦ 193.

„Тешки борба, Холи одработи фантастична борба. Вакви работи се случуваат, но Ронда ќе се врати, вистинските шампиони секогаш се враќаат. Честитки за новиот шампион Холи“, рече Мек Грегор.

Да потсетиме, по поразот на Русеј на УФЦ 193, Трамп изјави дека е задоволен од таков исход, бидејќи, според него, Ронда не е добар човек. Целата ситуација е накратко ја прокоментира и привремениот шампион во перолесна категоријата.

„Лесно му е на некого кој не е во октагонот да коментира, но кога сте внатре ќе сфатите дека тоа е друг свет и емоциите си го прават своето. Изборот е ваш дали ќе сакате да ја допрете ракавицата со противникот, а Доналд Трамп може да си ја затне својата дебела уста. Не ми е гајле за Трамп“, рече Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО